Малку се зборовите со толку малку значење како „засновано на вистинска приказна“. Филмовите засновани на вистински приказни се познати по тоа што си измислуваат детали за своите ликови да ги направат да се чинат похероични, како и испуштањето на детали од вистинскиот живот кои ги прават обични луѓе како и сите други. А понекогаш, филмската „вистинска приказна“ завршува и се појавува одјавната шпица токму во мигот кога вистинската приказна тргнува во лош правец, згодно буткајќи го депресивниот развој на настаните од вистинскиот живот под холивудската крпа на лаги и посакувања. Еве некои класични филмви со среќен крај кој е среќен само затоа што си дозволиле да испуштат некои работи…
6. „12 години роб“: Набргу откако бил ослободен, Соломон Нортап одеднаш исчезнал, засекогаш
Реномираниот филм „12 години роб“, кој добил Оскар за најдобар филм, ја раскажува приказната за Соломон Нортап, црнец во Америка од 19. век, кој бил киднапиран и претворен во роб. Тој дванаесет години минува низ маки, пред најпосле пак да се сретне со совето семејство за совршено среќниот крај. И тогаш, токму пред да почне одјавната шпица, се појавува еден ред кој вели: „ДАтумот, местото и околностите на смртта на Соломон се непознати“.
А тоа секако се должи на фактот дека тоа било 1850-те, а тогаш многу лошо воделе евиденција, така?
Непријатниот вистински крај:
Запрете за минута и замислете си низ што сѐ минувало семејството на Нортап за време на тие дванаесет години. Човекот едноставно исчезнал. Со години, неговото семејство го минувало секој буден миг барајќи го, мислејќи дека е во голема неволја, дека е мртов или дека намерно ги напуштил.
Кога Нортап бил ослободен во 1853 година, тој се вратил кај своето семејство во Њујорк и подоцна таа година ја објавил книгата „12 години роб“. Во меѓувреме тој (неуспешно) се обидел да ги тужи своите киднапери, се преселил кај својата ќерка и држел предавања за ропството. Потоа, четири години подоцна, тој пак исчезнал. До ден денешен, историчарите, па дури и членовите на неговото семејство, не успеале да откријат што му се случило. Според статија во еден весник, неговото последно појавување во јавноста се случило во август 1857 година, во Онтарио, иако еден свештеник тврдел дека го видел во Вермонт, пет години подоцна.
Како и кај сите мистерии, има повеќе теории за тоа каде заминал Нортап. Можеби се придружил на армијата на Унијата? Можеби станал член на Подземната Железница? И се разбира, вонземјаните се секогаш тука. Но, тоа бил човек кој бил жив потсетник за суровата лудост на ропството и постојано зборувал за тоа, држејќи предавања. А како што нѐ учи историјата, робовладетелите расисти никогаш не се справувале на културен начин со спротивните гледишта. Сосема е возможно Нортап пак да бил киднапиран, па дури и убиен. Филмот едноставно завршува така, со огромен прашалник, откако два часа ни раскажува за човек кој дванаесет години бил мистериозно исчезнат, киднапиран од робовласници.
5. „Теорија на сѐ“: Стивен Хокинг минува низ тежок развод и бива малтретиран
„Теорија на сѐ“ ја раскажува приказната за славниот теоретски физичар и космолог Стивен Хокинг и неговата сопруга Џејн. Џејн се омажила за брилијантниот човек знаејќи дека има ужасна болест, храбро прифаќајќи ја улогата на негова негувателка (иако, најискрено, веројатно не очекувајќи дека ќе живее уште долго). Тие двајцата се ваубиле во други луѓе и се развеле, но останале блиски, а тој останува познат како еден од најголемите научни умови во светот.
Непријатниот вистински крај:
Филмот прикажува како Стивен и Џејн полека се оддалечуваат еден од друг. Тоа што филмот не го прикажува е дека, по нивниот развод во 1990 година, Хокинг речиси воопшто не зборувал со Џејн и всушост од неа барал да закаже во неговата канцеларија за да може да го види. Неговиот однос со нивните деца станал загегнат, а неговата ќерка почнала многу да пие. Џејн пишува за ова и за други негови испади во нејзините мемоари „Музика за придвижување на ѕвездите: Живот со Стивен Хокинг“, книга која и покрај сладникавиот наслов, е силно горчлива. Со оглед на исклучително силното табу да се зборува лошо за луѓе со хендикепирачка невромускуларна болест, Џејн сигурно ужасно многу го мразела овој човек.
Но, Стивен не живеел баш како бубрег во лој по разводот. Во 1995 година се оженил со медицинската сестра Илејн Мејсон, и оттогаш нивото на нејзината медицинска нега за него како да опаднало до степен кој слободно би можел да се опише како криминален. Полицијата во Кембриџ се алармирала откако Стивен претрпел серија тешки повреди, вклучувајќи скршен зглоб, скршена рака, распукана уста и скршена бутна коска. Секако ви текнува дека човек кој не може да се движи тешко може да се здобие со вакви повреди, освен ако некој не го сокрши од мавање и не ја турне неговата инвалидска количка по скали. Исто така, во 2005 година претрпел тешка сончаница и иинфаркт, откако бил оставен надвор во својата градина, на најжешкиот ден во годината. Негувателките во куќата раскажувале дека Мејсон често му викала бесрамни нешта на Стивен, а во една прилика Хокинг им напишал порака која гласела: „Не можам да останам сам со неа. Ве молам, не одете.“
И покрај сето ова, Хокинг одрекол било какво злоставување, па дури се заканил дека ќе ја тужи полицијата за малтретирање. На крајот, властите ја откажале истрагата, а Стивен се реазвел од Илејн и повторно воспоставил пријателски однос со неговите деца, внуци и со Џејн, која што доволно се смирила со него, за да ја преименува својата книга во „Патување до бесконечноста: Мојот живот со Стивен Хокинг“. Тешко е да се направи разлика помеѓу првичниот и ревидираниот наслов, но во ревидираните спомени се исфрлени голем број од хорор приказните за Хокинг и нивната врска се опишува во многу подобро светло. Таа верзија на мемоарите на Илејн е земена како основа за „Теорија на сѐ“, па на некој начин може да се каже дека филмот завршува коректно. Само исечува две и пол децении на ужас.
4. „Покахонтас“: Покахонтас била киднапирана и умрела во Лондон, на 21-годишна возраст
„Покахонтас“ е сладникав анимиран мјузикл за истоимената индијанска принцеза, којашто се вљубува во англискиот доселеник Џон Смит и го спасува нејзиниот гневен татко да не му ја смачка главата на камен. Веројатно сите го знаете ова, бидејќи или сте го гледале филмот или сте ја слушнале, т.е. прочитале приказната.
Тоа што веројатно не сте го виделе е дека Дисни направил ужасно продолжение, наречено: „Покахонтас 2: Пат во Новиот Свет“. Во оваа цртана докудрама, Покахонтас оди во Англија со човек по име Џон Ролф за да преговара за мир помеѓу двата народа. Веројатно знаете дека преговорите пропаднале, но таа и Ролф се вљубуваат и заедно се враќаат во Вирџинија. Филмот завршува со бакнеж, како што тие отпловуваат кон зајдисонцето.
Непријатниот вистински крај:
Дизни се познати по тоа што не обрнуваат многу внимание на историската вистина кога станува збор за Покахонстас. Но, во првиот филм има барем зрно вистина. Продолжението толку многу слободно манипулира со фактите, што слободно може да се каже дека е фикција.
Прво, во тоа време на нејзиниот живот, името на Покахонтас било Ребека. Знаете, таа била грабната од Англичаните, коишто ја намамиле на бродот и потоа цела една година ја држале во заробеништво, барајќи откуп. Присилно ја натерале да се преобрати во христијанство и да прими помалку паганско име. И, иако на крајот навистина се омажила за одгледувачот на тутун по име Џон Ролф, историчарите не се многу сигурни дека тоа го сторила по сопствен избор. Особено со оглед на тоа што „Ребека“ веќе била омажена и таа била надвор од неговата лига.
Како и во адаптацијата на Дизни, Ребека, нејзиното цело семејство и група индијански претставници навистина патувале во Англија. Но во реалноста, таа главно била користена како жива реклама за да ги охрабри луѓето да вложуваат во бизнис и трговија во Вирџинија. Откако таму поминала една година (околу 51 недела подолго отколку што е тоа прикажано во цртаниот филм), таа запловила назад кон Америка, но набргу се разболела и го свртеле бродот назад. Набргу потоа починала, на возраст од дваесет и една година. И ете, ниеден од овие историски факти не го спречиле Дизни од вистинскиот живот на една личност да направат комерцијална цртана бајка.
3. „Звукот на музиката“: Куќата на Вон Трап станува нацистички штаб
„Звукот на музиката“ е филм направен врз основа на вистинскиот живот на Марија, девојка сирак, којашто учи да стане калуѓерка за време на нацистичката окупација на Австрија. Семејството во кое што доаѓа да живее, вон Трап, ја загубило мајката која подлегнала на шарлах. И сите тие нацисти и мртви родители од необјасниви причини се совршена формула за најведриот мјузикл на сите времиња.
На крајот на филмот, Вон Трапови ги измамуваат нацистите и бегаат од Австрија, иако во вистинскиот живот нивното драматично бегство во основа се состоело од тоа само да купат возни билети и да ги употребат. Но, по некој случај Вон Трапови навистина биле пејачи, така што непрестаната музикална радост веројатно е на место.
Непријатниот вистински крај:
Кога тие го напуштиле Салцбург во 1938 година, изнајмиле куќа кај некои локални католички свештеници. Не поминало долго време, кога нацистите дошле и го претвориле во свој штаб. Во градините биле изградени бараки и бункери, а семејната капела била претворена во пивница, бидејќи на нацистите им било преку таквото за сѐ.
Вилата дури станала и привремен дом на еден од најголемите нацисти, Хајнрих Химлер, човекот кого што историчарите го нарекуваат „архитект на геноцидот“. Па така, местото кадешто распеаните симпатични Вон Трапови се собирале да се молат, станало место за забава на еден од најзлите човечки суштества кои некогаш оделе по земјата. И згора на тоа, викендичката на Хитлер била на само 27 километри оддалеченост, па така фирерот често престојувал во новореновираната куќа на семејството Вон Трап.
По војната, свештениците се вратиле во куќата и канцеларијата на Химлер, којашто порано била детска соба на едно девојче, ја претвориле во соба за молитва, иако можеме да замислиме дека Бог одамна ѝ го свртел грбот на таа соба. Денес тоа е ноќевалиште, така што секој може да преспие во едно од најзлокобните места во историјата.
2. „Големото чудо“: Китовите веројатно никогаш не излегле од Арктикот
„Големото чудо“ е срцепарателна приказна за три сиви китови заробени во ледот во близина на градот Бароу, Алјаска, можејќи да дишат единствено преку малите отвори на дебелиот слој мраз над нив. Трагедијата станала уште поголема кога Џон Красински и Дру Баримор останале единствените човечки лица кои можеле да ги видат. Целиот свет набљудува додека Америка, Советскиот Сојуз, Гринпис и нафтена компанија ги здружуваат силите за да ги спасат китовите. Навистина неверојатна приказна која го стоплува срцето.
Непријатниот вистински крај:
Ако сте го гледале филмот, можеби се сеќавате дека локалните ловци на китови од племето Инупиат сакаат да ги убијат китовите за храна. Иако локалните Инупиат ловци дефинитивно сакале да ги убијат тие китови, тие не сакале да ги изедат. Сакале да им ги скратат маките на китовите, бидејќи како што изгледа, не можете да останете долго време под лед и потоа сѐ да биде во ред со вас.
Во филмот, тие коментираат како китовите се покриени со „исеченици и модринки“, но во реалниот живот, еден од китовите ја си ја одрал муцката до коска. Тие биле крвави, очајни животни, коишто многу страдале, заглавени во ледена стапица. И за нештата да бидат полоши, некој човек се обидел да комуницира со китовите, така што им пуштил снимка од песна на китови, но сосема ја утнал работата бидејќи случајно им пуштил звук на кит убиец. Веројатно тоа предизвикало бебето кит да избега од дупката за воздух, за повеќе никогаш да не биде видено.
Сепак, останатите два кита стасале на сигурно, така? Па, всушност никој не знае со сигурност, бидејќи тие биле толку истоштени што Националната морска служба одбила да им закачи уреди за радио следење. Исто така, патот по кој избегале ги одвел во уште подебел мраз, па така никој не очекувал дека ќе успеат да се спасат. Стотици луѓе трагале по некаков знак или трага од китовите, но ништо не откриле.
1. Титаник: На семејствата на музичарите им биле наплатени униформите и испораката на мртвите тела
Иако никој не го оспорува фактот дека главните ликови во ненамерно урнебесната епска приказна од 1997 година под насловот „Титаник“ – Џек, Роуз, Фабрицио и Били Зејн – всушност никогаш не постоеле, филмот сепак навистина прикажува некои луѓе кои постоеле, иако тие се портретирани толку неточно, што и тие би можеле да бидат сметани за измислени ликови. Но, еден дел во филмот е точен, а тоа е дека бендот останал на палубата и продолжиле благородно и храбро да свират на своите инструменти додека бродот тонел.
Непријатниот вистински крај:
Спасувачките бродови успеале да го извлечат телото на виолинистот Џок Хјум, и иако не се забележани сведоштва за масовно пренесување на посмртните останки од најголемиот бродолом на сите времиња, сепак имаме некаква мала сатисфакција дека останките на Хјум биле пратени на неговото семејство, така? Па, не баш, бидејќата набргу се свртеле во неочекувана насока.
Петнаесет дена по потонувањето на Титаник, на таткото на Џок Хјум му била испратена сметка. Изгледа дека договорот на Џок не ги покривал месинганите копчиња на неговата изнајмена униформа, којашто била уништена кога Џок се удавил во Атлантскиот Океан. Исто така, на таткото на Џок му била наплатено и испорачувањето на телото на неговиот мртов син, по стандардната тарифа за пратка со големина на човек.
Верувале или не, приказната станува уште полоша. Знаете, Џок имал бремена свршеница. Додека тажела по човекот за кој не успеала да се омажи, таа стрпливо ги чекала парите кои законски ѝ припаѓале согласно судскиот договор со Титаник. За жал, Титаник не го оправдал своето име. Севкупниот износ кој ѝ бил исплатен изнесувал 67 фунти. И бидејќи таткото на Џок отсекогаш имал проблеми со нивната љубовна врска, тој хероично одлучил да си ги задржи парите за себе, наместо да ѝ ги предаде. Навистина, со оглед на сета почит која му ја укажале луѓето одговорни за неговата смрт, Џок требало своите последни мигови да ги мине мокрејќи на секоја стапка на Титаник која сѐ уште не била подв ода.