На брегот на малото езерце кое локалните жители го викаат „Грозненско море“, на 5000 метри квадратни се простира новата ЖЕНСКА плажа. Целиот персонал е исклучиво женски а влезот на плажата е дозволен само за жени и за машки деца до 12 години. Машката плажа се наоѓа на 2 километри од женската.