Во селото Хуанглуо во југозападна Кина, жените од етничката група Јао во провинцијата Гуангши косата ја стрижат само еднаш во животот, вообичаено пред да се омажат.

Во селото има оолу шеесет жени, со коси долги до еден метар, а една од нив има коса долга повеќе од два метри. Племето Јао е старо некои 2000 години и брои 600 членови и 78 семејства. Повеќето жени косата ја носат пуштена до глуждовите.

51-годишната Пан Јифенг е жената со најдолга коса во селото. Според неа, од поколение на поколение се пренесува тајна за тоа како да ја одржуваат косата здрава и блескава. Имено, тие ја чуваат водата со која го мијат лепливиот ориз, и потоа со истата вода си ја мијат косата.

„Кога ќе наполниме осумнаесет години, го добиваме нашето прво потстрижување како дел од церемонијата со која се одбележува доаѓањето на возраста кога девојката е веќе возрасна и може да се омажи.“

Исечената коса потоа се чува и по мажењето и раѓањето се плете и се носи како додаток со кој се разликуваат мажените од немажените жени. Многу од жените се учеснички во специјални изведби кои се вистинска атракција за туристите.

kn01 kn02 kn03 kn04 кn05

Сподели на Facebook
пати видено