Аматер фотограф снимил прекрасна колекција фотографии, овековечувајќи едно село во Јапонија во чијашто околина лисиците се движат сосема слободно. Селото на лисиците е дом на повеќе од 100 лисици, сочинети од шест различни видови, кои се движат слободно низ селото и блиската шума. Посетителите имаат можност на нешто што би можело да се нарече еден вид сафари, но се предупредуваат дека животните не се питоми и можат да каснат и да предизвикаат и други штети. Наташа Пуенте, учителка од Мексико, ги снимила вообичаено пријателски расположените цицачи кои живеат во јапонската префектура Мијаги. Учителката наоѓа посебна инспирација во овие животни.
„Лисицата ми е водилка во животот“, вели таа. „Кога и да сум во големи маки, тие секогаш се појавуваат на некој начин. Имам шест тетоважи со лисици, и веројатно ќе истетовирам и повеќе.“ Уживајте во нејзините прекрасни фотографии.