Од рецепционeрот кој ги пријавува и одјавува гостите, до портирот кој е автоматизирана количка која го пренесува багажот до собата, овој хотел во Сасебо, југозападна Јапонија, пригодно наречен Чудниот Хотел, е речиси целосно опслужуван од роботи со цел да се намалат работните трошоци.

Хидео Савада, кој раководи со хотелот кој е дел од забавен парк, инсистира дека употребата на роботите не е рекламен трук, туку сериозен напор да се искористи технологијата и да се постигне ефикасност.

Роботот рецепционер кој зборува англиски е диносаурус со злокобен изглед, а тој кој зборува јапонски е женски хуманоид со долги трепки. „Ако сакате да се пријавите, притиснете 1“, вели диносаурот. Посетителот потоа го притиснува соодветното копче на бирото и ги впишува потребните информации на тач панел мониторот.

robot-hotel

Уште една карактеристика на Хен на Хотел, како што е наречен на јапонски, е употребата на технологијата на препознавање на лицето на гостинот наместо употребата на електронски клучови. Причината за тоа? Роботите не се баш најдобри во пронаоѓањето на клучови ако луѓето ги изгубат.

Џиновска роботска рака, каква што вообичаено се гледа во фабриките, е сместена во стаклен оддел на аголот на ходникот. Раката крева една од кутиите во ѕидот и ја спушта преку отвор во стаклото, кадешто гостинот може да ги смести своите работи, при што овој систем функционира како шкаф. Раката ја става кутијата назад во ѕидот, сѐ додека гостинот не си ги посака своите работи назад. Иако можел да биде употребен едноставен шкаф на парички, Савада вели дека сакал да ја истакне иновацијата, како и да се стори нешто со високите хотелски цени.

Јапонија е светски лидер во роботската технологија, а владата на Јапонија ја најавува роботиката како столб на нивната стратегија за подем. Роботите веќе одамна се употребуваат во производството, но постои и голем интерес за изтражување на потенцијалот за нивната интеракција со луѓето, вклучувајќи и нешта како нега за постарите лица.

Сепак, едно од нештата за коишто Хен на Хотел сѐ уште се потпира на луѓето е безбедноста. Хотелот е полн со безбедносни камери коишто ги надгледуваат луѓе со цел да се осигура безбедноста на гостите, како и на хотелот.

Роботи донесуваат пијалоци, а еден дрон носи пијалоци и едноставни грицки како дел од собната послуга. Во хотелските соби, робот со големина на лампа во форма на розово лале одговара а едноставни прашања како „Колку е часот?“ и „Какво ќе биде времето утре?“ и ги гасне светилките за вас, бидејќи на ѕидовите нема прекинувачи.

Савада во првите недели ќе искористува само половина од хотелскиот капацитет, за да се осигура дека ништо нема да тргне наопаку.

Цената за престојот во Хен на Хотел почнува од 9.000 јени ( околу 67 евра) што за Јапонија е вистинска багатела, со оглед на тоа дека престојот во некој од подобрите хотели може да чини двапати или трипати повеќе.

Сподели на Facebook
пати видено