Во жешките, суви пустини на древна Персија, околу 400 г.пр.н.е. многу пред откривањето на електрицитетот, градителите усовршиле одржлива технологија за чување мраз и преку жешките лета. „Јахчал“ биле системи за ладење кои биле сочинети од куполест надземен дел и подземно складиште за мраз, храна и други пропадливи материјали. Овој ефективен метод на чување мраз среде пустина можеби се чиникако нешто сложено, но во суштина, тоа е едноставна техника која можеле да си ја дозволат и најсиромашните.

jc01

Мразот бил собиран за време на зимата во блиските планини и бил носен во јахчалот, а повеќето исто така имале и канати, т.е. подземни канали за донесување вода од блиските извори.

jc02

Извишувајќи се на височина од дваесеттина метри, надземната структура на „јахчал“ била масивна купола од тули. Под земјата имало празен простор од 5000 кубни метри со многу дебели ѕидови, изнесувајќи најмалку 2 метри при основата. Ѕидовите биле обложени со водоотпорен малтер наречен сароој, мешавина од песок, глина, белки од јајца, варовник, козји влакна и пепел. Овој малтер служел и како топлински изолатор.

jc04

Структурата често содржела систем за искористување на струењето на воздухот, што помагало внатрешноста на овие градби да достигне смрзнувачки температури.

jc05

Некои од јахчалите кои биле изградени пред стотици години и ден-денес остануваат речиси недопрени од забот на времето. Во денешен Иран, Авганистан и Таџекистан, изразот јахчал исто така означува и современи фрижидери.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено