Колку прекрасно е да се биде нуркач! Целиот свој живот го минувате трагајќи по остатоци од потонати бродови, длабоко под површината на океанот. Ќе најдете изгубени богатства и други вредни работи расфрлани по дното на океанот, а еден ден можеби ќе го најдете најголемото од сите богатства – изгубената Атлантида. (плус… ајкули!)
Подводниот археолог Френк Годио не ја откри Атлантида, но пронајде нешто блиску до тоа. Во Средоземното море во заливот Абу Кир на египетското крајбрежје лежи потонатиот египетски град Тонис-Хераклеион.
Потонатиот древен град беше пронајден во 2000 година.
Тонис Хераклеион бил египетско пристаниште, основан во 12. век пр.н.е.
Како последица на серија природни катастрофи, градот го голтнало морето во периодот помеѓу 3. и 2. век пр.н.е.
Во градот биле откриени мноштво скапоцени артефакти.
Нуркачите разгледуваат статуа на фараон…
…и потоа внимателно ја изнесуваат на површината.
Ова навистина е монументално откритие, и се разбира, остварување на сонот за секој подводен археолог.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.