Сакате нешто слатко, но во креативна и разнобојна форма? Само појдете во „Магичната фабрика за слатки“, којашто сега нуди 3D печатени слатки за своите купувачи, кои ќе можат да изберат најразлични облици и бои за да го создадат нивното совршено слатко задоволство.
Кога ќе се одбере саканиот дизајн, коешто може да биде сѐ, од пеперутка до пирамида, Магичната фабрика за слатки прави серија топли и вкусни гумени бонбони, за коишто машината употребува специјална течност и можат да бидат направени во седум различни бои и десет различни облици.
Згора на тоа, смесата се состои од целосно природни состојки од овошје и зеленчук и не содржат глутен, обработен шеќер и млеко. Секоја од слатките чини околу пет евра, и за нивната изработка се потребни десеттина минути.