Во американскиот град Форт Вејн се поставени првите јавни кутии во кои мајките ќе можат да ги остават своите несакани деца. Тоа се инкубирани кутии, вообичаено вградени во ѕидовите на зградите, во кои мајките ќе можат анонимно да ги предадат своите деца за кои нема да сакаат да се грижат. Организацијата „Витези на Колумбо“ од Индијана се согласила да плати за поставувањето на 100 кутии, при што секоја кутија чини од 1500 до 2000 американски долари. Овие кутии ќе бидат опремени со безбедносен систем кој го известува обезбедувачкиот персонал секогаш кога ќе се остави бебе, при што персоналот ќе може да реагира за само неколку минути.

bb01

Сите педесет американски држави веќе имаат закони за безбедно засолниште, според кои мајките не мора да го наведат своето име кога ги оставаат децата во болници, пожарникарски и полициски станици. Со ова се постигнува повеќе бебиња да бидат оставани на безбедни места кадешто ќе можат да ја добијат неопходната медицинска грижа, отколку да бидат оставани на места кадешто би можеле да настрадаат.

Кутиите за бебиња се контроверзни од повеќе причини, но фактот дека Индијана неодамна усвои закон за абортусот кој додава повеќе ограничувња за правото жените да имаат абортус, овој пристап е начин за справување со проблемот на оставање на несаканите бебиња.

bb02

Покрај тоа, според законот, не смеат да се оставаат бебиња постари од еден месец, па така некои сметаат дека, со оглед на недоволниот надзор на кутиите, мајките би можеле да го злоупотребат тоа и да оставаат и постари бебиња. Покрај тоа, ова би можело да ги охрабри мајките да ги оставаат своите бебиња, без убаво да размислат за можноста сепак да си го зачуваат своето бебе.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено