Мистериозниот објект е познат како 1991 VG и за првпат бил забележан во ноември 1991 година од страна на астрономот Џејмс Скоти од Универзитетот на Аризона. Денес многу теоретичари на заговор мислат дека е вистинска „вонземјанска сонда“ која нарочно е пратена да прелета во близина на Земјата во 2017 година.Објектот ги збунил астрономите уште откога за првпат бил забележан, најмногу поради чудната ротација и издолженост во просторот. Некои луѓе мислат дека е дел од ракетата Аполо 12, но според Скоти веројатно се работи за нешто друго.

vn01

„Ги разгледавме сите можности објектот да е дело на човечка рака. Имало неколку вселенски летала кои би можеле да бидат 1991 VG. Но, кога ги прегледавме сите, моравме да елиминираме секој од нив.“

Според други луѓе, чудниот објект исто така може да биде и тајна советска ракета од советската ера. Факт е дека Советите исто така имале моќни ракети како и американските и е возможно да лансирале една кон месечината, за потоа да ја прикриле операцијата ако нештата тргнале кон лошо. Кога 1991 VG за првпат била забележан, бил околу 10 метри во пречник, минувајќи на оддалеченост од 404 616 километри од земјата – околу 80460 километри повеќе од растојанието помеѓу Земјата и месечината. Објектот покажувал брза стапка на ротација и неговата светлина се менувала. Во тоа време не бил забележан ниеден друг астероид со слична големина со такво однесување. Исто така, орбитата на објектот била слична како орбитата на Земјата.

vn03

Откако собрал повеќе информации за 1991 VG, Скоти увидел дека објектот минал во близина на Земјата и порано, во март 1975. И повторно, ова не е нешто што е карактеристично за астероид. Тие вообичаено не минуваат двапати на едно место. Данкан Стил, астроном од Универзитетот на Аделаида сугерира дека би можело да се работи за „вонземјанска сонда во близина на нашата планета“. Тој оваа теорија ја спомнува пред сѐ за да може да ја побие. Во други интервјуа тој изјавил дека не е сосема убеден дека се работи за објект со вонземјанско потекло. Но, ова не ги спречило тие кои веруваат во теории на заговор да ја распространуваат идејата за вонземјанското потекло на 1991 VG, цитирајќи го трудот на Стил како примарен извор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено