Пред еден век, во оваа куќа во малиот град Вилиска, во американската држава Ајова, се случило грозно убиство со секира. Семејството Мур, кое живеело во оваа куќа, било богато и почитувано во заедницата.

Во тоа време, семејството броело шест члена: Јосија, Сара и нивните четири деца: Херман Монтгомери, Мери Кетрин, Артур Бојд и Пол Вернон.

vl01

Вечерта на 9. јуни, 1912 година, тие се вратиле дома доцна навечер по црковна служба. Таа ноќ кај нив престојувале децата на нивни семејни пријатели, Ина Мае и Лена Гертруд Стилинџер.

Кога сите заспале, убиецот нападнал.

vl04

Според полицијата, тој одел од соба до соба, брутално касапејќи секого во куќата, употребувајќи ја тапата страна од секирата за да ги убие повеќето жртви. Острата страна ја употребил само за мајката и таткото. Бројот на отпушоци најдени на таванот следното утро на полицијата ѝ сугерирал дека тој се криел таму подолго време, трпеливо чекајќи сите да заспијат.

vl05

По бруталните убиства, градот се нашол во центарот на вниманието на медиумите. Сепак, полицијата не можела да го најде убиецот.

vl03

Извесен број осомничени биле приведени на испрашување, а некои дури биле изведени и пред суд, но, секој од нив имал железно алиби. Убиствата со секира кои се случиле во Вилиска до ден денес останале нерешени.

Но, ако некогаш ве нанесе патот таму, ќе можете да ја минете ноќ во таа куќа, која сега е претворена во преноќувалиште.

vl06

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено