Еден човек го објавил симпатичното пребарување на Гугл кое го направила неговата баба. 25-годишниот Бен Џон добил вистински напад на хистерична смеа кога го отворил лаптопот на неговата баба и тоа веднаш го споделил на Твитер.
„О Боже мој, го отворив лаптопот на баба и кога гуглала нешто ставала „ве молам“ и „благодарам“. Е не можам…“, пишува Бен, споделувајќи слика со пребарувањето, што наишло на многу реакции на одобрување.
„Ве молам преведете го овој римски број, благодарам“