Шкотската студентка, Џенифер Беркли направи видео во кое ги стави сите реакции за добредојде на нејзиниот 87-годишен дедо Роберт.
Колку и да е замислен и тажен, штом ќе си ја види внуката, на неговото лице блеснува најведрата насмевка и ги шири рацете за топла прегратка. Понекогаш, кога ќе знае кој му доаѓа, тој знае и да се пошегува како на пример да праша „Кој е пасвордот?“
Џенифер напиша: „Мојот 87-годишен дедо ми е број 1 на светот. Го сакам со сето свое срце. Сакам да ги снимам неговите реакции, секогаш кога ќе го посетам. Се надевам дека ќе уживате во видеото колку што уживам јас.“