Одењето во книжарница или библиотека може да биде многу убаво искуство, без разлика на возраста. Светот на книгите во себе крие бескрајни информации напластувани од сите генерации пред нас. Некои од нас се просто опседнати со собирањето книги. Ако и вие припаѓате на оваа група луѓе, сигурно би сакале да го посетите ова место во Велс.
Хеј-он-Вај е мало трговско градче во Велс, но ја има најголемата приватна колекција на книги во целиот свет.
Наречен „Градот на книгите“, овој град е дом на преку 40 незавнисни книжарници.
Сѐ почнало во 1961 година, кога Ричард Бут ја отворил неговата прва книжарница со стари книги во просториите на стара пожарникарска станица.
Кога слушнал дека некои американски библиотеки се затвораат, Бут отпатувал преку океанот и купил толку книги колку што можел да понесе.
Неговата збирка на употребувани книги станала огромна, па така и останатите трговци со книги го следеле неговиот пример.
Резултатот е град опседнат со книги.
До седумдесеттите години Хеј станал познат како „Градот на книгите“.
Денес градот го посетуваат околу 500.000 туристи годишно.
Хеј-он-Вај исто така е домаќин и „Фестивалот на литература и уметности во Хеј“.
Ова место е рај за љубителите на книги.