Во Мамутската Пештера човечка прв пат стапнала човечка нога пред 4000 години. Тоа биле километри црна темнина и неистражени премини, целата прошарана со сталактити и сталагмити.

Мамутската Пештера

ps01

Мамутската Пештера своето име го добила според нејзината големина, бидејќи не постои поголем пештерски систем во светот. Истражени се над 650 километри од овој пештерски систем.

Бескрајна пештера

ps02

Никој не знае која е точната големина на оваа пештера, бидејќи сѐ уште се истражува. Секој ден се откриваат нови делови. Поголемиот дел од пештерата е формиран од варовник, вид камен кој го има насекаде низ американската држава Кентаки.

Првите посетители

ps03

Американските Индијанци коишто први ја посетиле оваа пештера оставиле сведоштво за нивната посета. Стари факели, школки, црпки и делови од облека датирани во периодот пред 4000-2000 години сѐ уште се зачувани во Мамутската Пештера.

Раните водичи

ps04

Пештерата останала невознемирувана со векови, сѐ додека европските доселеници не дознале за оваа огромна подземна мрежа. Еден од првите кои се обиделе да ја мапираат бил Стивен Бишоп, роб и еден од првите пештерски водичи. Тој самиот мапирал извесни делови од оваа пештера, осветлувајќи си го патот со газиена лампа. Неговиот гроб се наоѓа на Гробиштата на Стариот Водич, во близина на влезот на пештерата. Овој цртеж на пештерата бил објавен во 1881 година.

Тури низ Мамутската Пештера

ps05

Околу 16 километри од пештерата се отворени за туристички тури. Теренот не секогаш е лесен. Природните стрмнини го отежнуваат патешествието. Овој цртеж прикажува тура со чамец во 1850 година. Турите со чамци биле забранети во деведесеттите.

Под земјата

ps06

Бил вложен голем напор да се одржи пештерата во нејзината природна состојба и покрај тоа што секоја година неа ја посетуваат 390.000 посетители. Нежните светла ги осветлуваат патеките, но тие не светат цело време. Во еден дел од турата, водичот ги собира сите посетители заедно и потоа светлата се гасат. Тоа е најцрната темнина која би можеле да ја доживеете. Се наоѓате на 91 метар под површината на земјата и нема никакво осветлување околу вас. Потоа водичот ќе запали чкорче за да ве потсети дека не сте сами. Но за неколку мигови ќе се почувствувате како тие први истражувачи кои не можеле да се потпрат на ништо друго освен на треперливите несигурни факели со кои си го осветлувале патот.

Одењето внатре

ps07

Пештерата е отворена во текот на целата година бидејќи температурата внатре е секогаш иста. Просечната температура на Мамутската Пештера изнесува помеѓу 12 и 18 степени Целзиусови и во зима и во лето.

Легендарна историја

ps08

Поради тоа што Мамутската Пештера е огромна, темна и целосно сѐ уште неистражена, за ова место кружат многу легенди. Некогаш таа била користена како живеалиште, како погребно место, па дури и како рудник во кој се ископувала шалитра. За време на прохибицијата, шверцерите на алкохол ги користеле овие пештери за да ги чуваат шишињата на ладовина додека да се испорачаат.

Опседнатост со духови

ps09

Во 1839 година, пештерата била претворена во еден вид болница за болните од туберкулоза. Чудно е тоа што и покрај ова, туристичките тури во тоа време не биле запрени. Некои посетители налетувале на мртви тела за време на нивните истражувања. Луѓето раскажувале за паранормални активности во и околу пештерата. Слушале фантомски гласови, чудни светла, слушале чекори и доживувале други ужаси.

Ужас

ps10

Дури и Х.П. Ловкрафт бил инспириран од овие мистериозни пештери, по што ја напишал „Ѕверот во пештерата“. Но, не сите се плашеле од пештерата. На сликата се гледа венчавањето на брачен пар во 1908 година на Невестинскиот Олтар, некогаш многу популарно место за венчавки низ деветнаесеттиот век. Традицијата била запрена во 1941 година.

Пештерски војни

ps11

Мамутската Пештера е позната и по Пештерските војни во Кентаки. Со години делови од оваа пештера биле во приватна сопственост. Сопствениците воделе независни тури низ нивниот дел од пештерата и ова создало голема конкуренција. Еден од нив се обидел да отвори премин со кој ќе се стекнал со предност пред неговиот соперник. Но, завршил така што се заглавил и по неуспешните обиди да го ослободат, тој умрел внатре. Неговото тело не било извадено со години и долго време било изложено за посетителите. Кога Мамутската Пештера била претворена во национален парк во 1941 година, на пештерските војни им дошол крај.

Сподели на Facebook
пати видено