Кампањата за прибирање донации за основање на „Училиште за волшебници“ досега собрала над 230.000 долари иако реализаторот побарал само 35.000.

Настанот во ЛАРП (од англиски: Live Action Role Play) еден вид импровизиран театар, ќе собере љубители на серијалот Хари Потер во текот на тродневен курс за правање магии, кој ќе опфати сѐ, од часови во правење волшебни напивки, до можноста да се општи со „волшебни суштества“.

Настанот ќе се одржи во Универзитетот Ричмонд, САД, и ќе чини 450 долари за секој учесник, при што е отворен за секој кој ќе сака да доживее жива верзија на Хогвортс училиштето за магии и волшебништво.

Кампањата за прибирање донации се покажа изненадувачки популарна откако се појави на интернет и досега има собрано неверојатни 283.541 долари – сума којашто далеку ја надминува првичната зацртана целод 35.000 долари.

„Ние веруваме дека на Северна Америка ѝ треба сопствен волшебен универзум, и ние решивме да го создадеме“, стои на официјалната страница на кампањата. „Сакаме да го оживееме преку фикција, уметност и играње улоги во живо.“

 

Сподели на Facebook
пати видено