Има поговорка која што гласи „Ниту еден човек не е остров“. Ова значи дека не можеме да чекориме низ животот сами, дури и најсилните мажи и најнезависните жени имаат потреба од семејство и пријатели. Вистинските пријатели се оние кои што остануваат со нас без разлика на се и секогаш ќе ни пружат рака, кога ќе ни биде потребна.
Кеван е младо момче од Флорида кои што има голем авантуристички дух, тој боледува од спинална мускулна атрофија, поради која не може да ги користи нозете. Сепак неговата страст за авантура не згаснала и најголема желба му била да патува низ Европа, но бил поради неговата болест, тоа било скоро невозможно.
Неговите тројца пријатели му го приредиле најголемото изненадување на Кеван. Тие одлучиле да го носат Кеван на грб и така сите заедно да патуваат низ Европа. Том, Филип и Бен го носат Кеван на смени и сакаат од оваа нивно патување да направат документарец.
Момците ќе патуваат еден месец и ќе псоетат повеќе земји. Кеван најмногу се радува што ќе ги види Кенсингтон градините во Лондон, бидејќи тоа е местото каде што живеел неговиот омилен автор, Сер J.M. Бери. Тој сака со оваа патување да ги охрабри сите луѓе, кои што мислат дека нивната најголема желба не може да се исполни.
Нивното патување започнува на 19ти јуни и ќе започне со планинарење во Англија, Ирска, Франција и многу други прекрасни земји.