Многу одамна некој стар човек на својот внук му зборувал за животната вистина дека во внатрешноста не секој човек се води битка, како борба на две кучиња.
Едното од нив го претставува бесот, зависта, љубомората, алчноста, ароганцијата, самосожалувањето, гревот, гневот, горделивоста, егоизмот…
Другото куче го претставува доброто, ведрината, љубовта, надежта, срдечноста, љубезноста, сочувстувањето, тоа е она што дава мир, она кое прави да се чувствуваме пријатно…
Внучето се замислило, се обидело да продре во длабочината на дедовите зборови и го запрашало: А кое куче победува на крајот? Дедото со насмевка на лицето оговорил: Секогаш победува она кое повеќе го храниш.
Сите се раѓаме со чиста, искрена и добра душа, прашање е само кој колку и како ќе успее да ја сочува. Човекот треба да го погледне и да го разбуди она што е во него самиот, а тоа е сопствената дарба, талент, инспирација, искрата која ги пали сетилата и го одржува човекот во целосна свесност. Така се создаваат индивидуи кои се повеќе од креативни, индивидуи кои се флексибилни и сигурно чекорат кон целта. Така се креира индивидуа која е самоуверена и спремна да ризикува и да добие.