Без разлика на која возраст сме цртаните филмови секогаш не враќаат во некои поубави времиња и уживаме да ги гледаме сами или со нашите најмили. Но не сите цртани филмови се базирани на фикција, некои од нив кријат вистинска приказна која повеќе би се вклопила во животот на возрасните отколку во анимиран филм за деца.
8. Мулан
Приказната во цртаниот филм се базирала на вистинска случка за Хуа Мулан, која била обучена од нејзиниот татко во боречки вештини, јавање на коњи, стрелаштво и слично. Кога царот ги мобилизирал сите мажи во војна, Мулан отишла на местото на нејзиниот татко. Во 12-годишна служба, добила бројни награди, а нејзината измама никогаш не била откриена.
7. Анастасија
Зад цртан филм Анастасија имало вистинска личност, а таа била ќерка на последниот руски цар Николај II. Девојчето било егзекутирано со остатокот од кралското семејство во 1918 година. Околу 30 жени тврделе дека се „чудесно спасената Анастасија“ но нивните лаги биле разоткриени.
6. Up
Во 2006 година започнала изградбата на облакодер во областа на Сиетл, каде што била куќата на Едит Мејсфилд. 85-годишната жена била единствената жителка во областа која одбила да го напушти својот дом. И биле понудени 1 милион долари, но таа ги одбила велејќи дека нема потреба и желба за пари.
5. Снежана
„Прототипот“ на Снежана била Марија Софија Маргарета Катарина фон Ертал, родена во 1729 година во античкиот замок на Lohr am Main. Не бил оставен портрет на дамата, но замокот сега е музеј каде е сместено „магичното“ огледало. Таткото на девојката го дал ова огледало како подарок на неговата прекрасна сопруга. Занаетчијата кој го изработил огледалото му вградил механизам со звуци, со кој изгледало дека огледалото „зборува“ со сопственикот.
4. Покахонтас
Покахонтас („малку безобѕирно“) е, всушност, прекар даден од страна на индијански поглавар на неговата ќерка, принцезата Матоака („силен поток меѓу ридовите“). Во 1607 година, Покахонтас, наводно, го спасила Англичанецот Џон Смит да биде убиен од страна на нејзиното племе. Во 1613, таа била заробена од колонисти и бил побарам откуп. Наскоро таа се омажила за Џон Ролф, колонист кој одгледувал тутун, па дури го усвоила христијанството и го земала името Ребека. Овој брак го задржал мирот меѓу Домородците и Англичаните 8 години.
3. Балто
Ова била вистинска приказна што се случила во 1925 година кога селото Ном страдало од епидемија на дифтерија. Вистинскиот Балто бил чистокрвен хаски и стоел на чело на тим кој патувал 83 километри за да го достави серумот кај децата. Епидемијата била прекината за 5 дена. Приказната за Балто сеуште се учи во училиштата во Алјаска, а трка со санки и кучиња по истата маршута се одвива секоја година, а има и споменик на ова храбра куче во Централ парк во Њујорк.
2. Пинокио
Карло Лорензини, авторот на приказната, не сакал деца. За да им одржи лекција тој својот лик го направил непослушен мал лажливец, кој бил казнет на крајот поради неговите грешки(бил обесен на дрво). Читателите се вљубиле во Пинокио, а уредникот на Лорензини побарал тој „да го воскресне“ момчето. Кој, како што знаеме, го направил тоа.
1. Патот до Ел Дорадо
Цртаните понекогаш можат да покажат и повеќе од детска приказна. Во овој цртан филм, во една сцена ги гледаме Тулио и Чел во една просторија. Потоа се слуша стенкање, а потоа вознемирената Чел и задоволниот Тулио се тргаат еден од друг. Што и да правеле таму најверојатно не било прикладно за да им се прикаже на децата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.