Едно утро во август, 1848 година, еден британски војник јавал крај една река во Бенгал, северна индија, кога забележал како една голема волчиц аизлегува од своето дувло, придружена од нејзините три младенчиња. Таква глетка воопшто не била невообичаена, но тогаш војникот видел нешто што го извадило од памет – веднаш зад младенчињата се појавило мало момче кое одело на сите четири.
„Мајката подеднакво се грижеше за сите“, се присетувал британскиот полковник Вилијам Слимен, во памфлет кој го напишал неколку години подоцна. Сите тргнале кон реката и почнале да пијат вода, не забележувајќи го војникот, кој седел на својот коњ и ги набљудувал.
Извесно време коњаникот седел на својот коњ, зашеметен од чудната глетка, гледајќи како детето лапа исто како и волците. И тогаш, невообичаената глутница почнала да се враќа назад кон дувлото исто толку брзо колку што се појавила. Војникот го збоднал коњот, цврсто решен да го спаси момчето. Но дури и јавајќи на каменестото и нерамно тло, не успеал да ги стигне волците со детето. За неколку секунди тие исчезнале.
Војникот не се откажувал, и се вратил неколку часа подоцна со група мажи и со мотики го раскопале дувлото, по што волците излегле и се разбегале, но овој пат војникот успеал да го спаси. Го однеле момчето во селото, но морале да го врзат, бидејќи било многу диво и сакало да се пикне во секоја дупка до која ќе се најдело во близина.
Се обидувале да го научат да зборува, но не можеле да извлечат од него ништо друго освен гневно `ржење. Кога ќе му се приближил возрасен човек, дивото дете станувало вознемирено и се обидувало да избега или да се скрие, но кога ќе му се приближело друго дте, тоа се стрчувало кон него покажувајќи ги забите и `ржејќи како куче, обидувајќи се да го касне.
Во текот на следните две години, момчето продолжило да се однесува како волк, јадејќи сирово месо и одбивајќи да носи облека, без разлика колку времето било студено. Одбивајќи го човечкото друштво, тоа претпочитало да се спријателува со кучиња, и јадело од нивните чинии. По тие две години откако војникот го нашол, момчето тешко се разболело. Никој не знаел од што толку страда, и единствениот пат кога прозборело е кога посочило кон својата глава и кажало „боли“. Истиот тој ден, умрело.
Оваа приказна за момче одгледано од волци е само една од многуте такви кои се појавиле во 19-тиот век во Индија. Овој феномен со голема сериозност го привлекол вниманието на научната јавност, дури дотаму што почитуваното и сериозно научно списание „Зоолог“ објавило статија за тоа. За овие легенди дознал и пиателот Рудјард Киплинг и нема сомнеж дека својот лик Могли од неговата книга „Книга за џунглата“ го засновал врз ваквите приказни за „деца-младенчиња“. Всушност, вакви појави биле бележени со векови. Еден од најпознатите примери е легендата за Ромул и Рем, основачите на Рим, кои биле одгледани од волчица.
Но, дали ваквите приказни имаат вистина во себе? Дали навистина имало вистински деца Могли кои биле одгледани од волци или некое друго животно? Дали е возможно животно да одгледа човек? Има многу приказни кои сугерираат дека е можно, и тоа не само волци, туку и кучиња, овци, мечки, пуми, мајмуни, па дури и ноеви, при што најчесто станува збор за волци и кучиња.
Таков е примерот со Оксана Малаја, седумгодишно девојче од Украина кое било најдено во 1991 година на една напуштена фарма, опкружено со кучиња, откако било напуштено од нејзините родители пет години пред тоа. Кога ја згрижиле меѓу луѓе, Оксана не можела да зборува, трчала на сите четири и лаела, и се чистела себеси исто како што прават и кучињата.
Седум години подоцна бил забележан и друг ваков случај, случајот на Иван Мишуков, шестгодишно момче кое московската полиција го нашла на улиците на коишто Иван просел две години. Единствените пријатели на Иван биле кучињата од една глутница, коишто ги хранел со храната којашто ќе ја најдел. За возврат, животните го топлеле додека спиел и го бранеле од напаѓачи. Додека Оксана прифатила многу кучешки особини, Иван ја задржал својата човечност, иако едвај зборувал и често `ржел.
Ниту на Иван, ниту на Оксана не им требало долго време да научат руски и двете деца израснале во нормални возрасни личности, при што Иван станал војник, а Оксана работела со животни на фарма. За разлика, за некои други деца кои биле одгледани од животни, приспособувањето одело потешко. Во 1988 година во Уганда било тригодишното момче наречено Џон Себунја било сведок кога неговиот татко ја убил мајка му. Избегал во џунглата и се спријателил со група мајмуни со коишто живеел следните три години. Кога бил најден во 1991 година, неговата приказна звучи како приказната за Могли или Тарзан. Според кажувањата, мајмуните го хранеле и тој научил да се префрла од дрво на дрво исто како нив. „Тие ме чуваа и заштитуваа“ се присетувал тој подоцна. „Мајмуните ме сакаа и цело време заедно си игравме.“ Тоа што е почудно во врска со неговиот случај е што неговото тело било покриено со влакна, и покрај неговата млада возраст, поради што наликувал повеќе на мајмун отколку на човек. На Џон му биле потребни многу години за да „стане човек“ и имал големи потешкотии во учењето. Денес 32-годишниот Џон е целосно закрепнат и со својот прекрасен глас е дел од хорот „Африкански Бисер“. Влакната од неговото тело, последица од нарушувањето наречено хипертрихоза, исчезнале.
Друга личност којашто била одгледана од мајмуни е Марина Чепмен од Бредфорд. Во 2013 година таа била киднапирана и оставена во џунгла во Колумбија, по што ја нашле мајмуни и ѝ помогнале да преживее. Марина ги копирала мајмунските навики на јадење и нивните продорни крици – и исто како и Џон Себунја – и таа научила да се качува по крошните на дрвјата. „Јас целосно бев дел од нивниот свет“, се присетува таа.
Но, научниците се скептични во врска со сите овие приказни. „Многу од овие случаи се добро осмислени измами“, вели антропологот Мери-Ен Окота. „Дете одгледано од животни е приказна која се јавува кај многу култури со векови. Но, мислам дека можноста животно да одгледа дете е само легенда.
Во врска со случајот на Џон Себунја, Окота вели:
„Мајмуните не ја даваат лесно својата храна, и и најверојатно Џон ги собирал остатоците, верувајќи дека мајмуните му даваат храна, а приказните дека животните можат да одгледаат дете е романтизирање на бруталноста на напуштањето на дете од неговите родители. Судбините на овие деца откриле неудобни вистини за тоа како луѓето се однесуваат едни кон други“, вели таа.
Според неа, ваквите приказни служат како мост помеѓу нас и царството на животните, во кои животните добиваат повеќе човечки карактеристики, а луѓето добиваат животински.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.