Идеите од научнофантастичните филмови сега добро ќе ни дојдат затоа што експертите велат дека во наредните 100 години скоро 900 астериоиди можат да се судрат со Земјата.
Според Европската вселенска агенција (ЕВА), во моментов има 878 астероиди изложени на ризик да ја погодат планетата во текот на следниот век. За ситуацијата да биде уште позагрижувачка ангенцијата и неколку моќни држави кројат план кој потсетува на филмско сценарио.
Додека голем број на астероиди ќе бидат релативно мали, агенцијата предупреди дека дури и мал астероид би можел да доведе до „сериозно уништување“. Со цел да се заштити Земјата и да се фатат карпите пред да се спуштат, ЕВА се здружи со други групи за да бараат астероиди.
Агенцијата, исто така, работи на развивање на методи за пренасочување на вселенските карпи и планираат да разговараат за тактиките на состаноците во Европа во текот на следните неколку дена. Предупредувањето на агенцијата доаѓа откако НАСА соопшти дека астероидот поголем од зградата „Емпаер стејт“ поминува „близу“ до нашата планета оваа недела.
Вселенската карпа, наречена 2000 QW7, ќе помине покрај нашата планетата со повеќе од 14.000 милји на час во сабота (14 септември). Точно не ја уништува атмосферата, но сепак НАСА смета дека тоа е „близок пристап“. Дијаметарот на астероидот се проценува дека е помеѓу 951м и 2.133 м – што е прилично големо. Да го ставиме тоа во контекст, секој астероид толку голем би можел да уништи област со големина на американската сојузна држава Вирџинија (што е 102.548 км квадратни).
Првата средба се одржува во Рим, денес, каде што ќе разговараат за план директно од 90-тите акциони блокбастери: тие размислуваат да го срушат вселенското летало ДАРТ во астероидот 160 метри, Дидимос-Б. Потоа, на 16 и 17 септември, во Дармштат, Германија ќе биде организирана работилница за одговор при итни случаи, со агенции за цивилна заштита од шест земји, вклучувајќи ги Германија, Швајцарија и САД, како и канцеларијата на Обединетите нации за вселенски работи.
Овие предупредувања доаѓаат откако специјалист за астероиди предупреди дека постои шанса од 100% Земјата да биде погодена од астероид доколку човештвото не делува сега.