Во последно време слушаме само за злоставување на животни, но еве доказ дека за човештвото сѐ уште има надеж. Петмина пријатели од Казахстан држејќи се за рака се спуштиле во резервоар за да спасат куче од брзите водени струи.

Несреќното животно се мачело да се додржи во брзата вода и за малку ќе било однесено од струјата. За среќа, било забележано од група пријатели кои се шетале во близина, по што се решиле на невообичаено храбар потег. Држејќи се еден друг за рака, се спуштиле да му помогнат на кучето. Видеото било снимено со телефон од страна на Марјана Кадреева, која била сведок на настанот.

kc01 kkc

Сподели на Facebook
пати видено