Воз на границата за царинска проверка. Кон водачот на голема група туристи што седат во три вагони дотрчува патничка од првиот вагон:
– Цариниците се ќе ни земат! Го превртеа половина вагон со главата надолу, проверуваат сè!
Шефот на групата вади две шишиња водка:
– Еве, однеси им да се напијат.
По кратко време жената пак се враќа:
– Не сакаат водка!
– Добро, кажи ѝ на Ленче од вториот вагон да оди да ги среди.
По десет минути:
– Лоша работа… Таа само што не почна да им танцува полу гола – не ја сакаат и тоа е… Продолжуваат да го проверуваат целиот вагон.
– Тежок случај значи… Добро, тогаш еве земи ги овие пари и им ги дај.
Но, по кратко време жената пак се враќа:
– И пари не сакаат.
Се замислува водачот на групата и одеднаш вика:
– Викајте полиција! Измамници! Ова не се никакви цариници!