Си оди мравката со вреќа на грбот и минува крај кафуле каде штурецот си пие коктел.
– А кога ќе заврне снег…?
– Ќе свирам во шведски ресторан!
Следната година, мравката со вреќа на грбот го гледа штурецот во скап кабриолет со две убавици.
– А кога ќе заврне снег…?
– Имам договор за турнеја низ Медитеранот!
Наредното лето, мравката со вреќа на грбот, го гледа во Ролс Ројс и нежно тропа на стаклото:
– Кога одиш на турнеја поминуваш ли низ Франција?
– Се разбира – задоволно одговара штурецот – кажи ако ти треба нешто!
– Ако го сретнеш оној глупак Лафонтен, кажи му од мое име: „Да се е*е и тој и неговите басни!“