25-годишната принцеза на Јапонија, Мако Акисино, е спремна да се одрече од титулата, за да се омажи за својот избраник Кеј Камуро, кој нема кралска крв. Тие се запознале пред 5 години во еден ресторан и од тогаш биле во врска. Заедно студирале на Меѓународниот Христијански Универзитет. Пред една година Кеј ја побарал принцезата за жена, но веста за нивната свршувачка тие ја објавија дури сега.