Луис Армстронг се родил на 4 август, 1901 година. Го добил прекарот „Сачмо“ пореди неговата голема торбеста уста. За време на сегрегацијата тој станал еден од првите црни изведувачи кои станале успешни меѓу белата публика. Тој е една од највлијателните фигури во џез музиката. Покрај неговата труба, тој е препознатлив и како пејач со неговиот карактеристичен рапав глас.

sc02

Но, малку е познато дека Сачмо бил и голем љубител на марихуана и дека во 1920-тите помогнал за нејзиното популаризирање меѓу музичарите. Со марихуаната се запознал токму во тие години и оттогаш постојано ја пушел, вклучително и пред настапи и студиски снимања. Во ноември 1930 година бил уапсен пред Котон Клаб во Кулвер Сити, Калифорнија, заедно со тапанарот Вик Бертон. Целата ноќ во ќелија ја минале смеејќи се, бидејќи биле издрогирани. Следното утро престанале да се смејат кога им кажале дека ќе треба да платат казна од по 1000 долари.

sc03

Во 1950-тите, американскиот Стејт Департмент афроамериканските музичари, писатели, уметници и спортисти ги праќал насекаде како мисионери на добра волја, со цел да ја промовираат американската демократија за време на Студената војна со Советскиот сојуз. Таков бил и примерот со Луис Армстронг, кој бил пратен на концертна турнеја низ Европа и Азија. Поради овој негов статус, тој само формално ја минувал царината. Но, кога во 1958 година слетал на аеродромот Ајдлвајлд во Њујорк, бил упатен кон царинските службеници. Така, тој застанал во долгата редица патници кои чекале да бидат проверени. Почнал обилно да се поти, бидејќи во неговиот куфер носел 1,5 килограми марихуана.

sc04

Додека Сачмо чекал на ред, во просторијата се појавил потпретседателот Ричард Никсон, следен од репортери и фотографи. Кога Никсон го видел Армстронг, веднаш се упатил кон него, и го прашал што прави таму да чека на ред. Сачмо му кажал дека само што дошол од турнеја како амбасадор на добра волја во Азија и дека му чекале да застане на ред за царинска проверка. Никсон му кажал дека амбасадорите не мора да минуваат низ царина и се понудил да му го понесе багажот. Се разбира, Сачмо радо ја прифатил понудената помош. И така, Никсон прошверцувал 1,5kg марихуана низ американската царина.

Иронијата на оваа приказна е во тоа што токму таткото на „Војната против дрогата“, Ричард Никсон, еднаш пренел дрога за џез музичар. А кога подоцна му кажале што се случило, Никсон само извикал: „Луис Армстронг пуши марихуана?“

Сподели на Facebook
пати видено