Си седи гавранот на една гранка и си стиска едно сиренце во клунот. Поминува лисицата, го погледнува, се оближува за сиренцето и го прашува гавранот:
– А бе гавран, ти утре ќе гласаш ли за волкот? Многу е важно! Од тоа зависи иднината на твоите деца!
Гавранот:
– ДА!
Сиренцето паѓа, лисица го јаде и заминува. Гавранот замислено:
– Еј како се зафркнав, сега немам што да јадам. Можеби ќе беше поинаку ако кажев „НЕ“…

Сподели на Facebook
пати видено