Во древни ракописи од Средна Азија често се споменува таинствен „Сребрен град“. Овој град го има и во митови и легенди, според кои тој бил дел од рајот, изграден на Земјата. Неговите улици биле покриени со сребрени плочи, а ѕидовите на куќите изградени од златни тули. Во прекрасните градини на овој древен митски град пееле убави рајски птици и имало миризливи цвеќиња.
Кинескиот историчар од III п.н.е. Суан Чжу опишува во еден свој ракопис неверојатно голем град во Средна Азија. Во таа околина иако и камењата пукаат од горештина и песокот се топи, во градот било свежо, имало и фонтани и преубави градини. Тој пишувал дека Кина сигурно ќе започне војна за бескрајните богатства на овој Сребрен град.
Во ХІV век сличен опис се среќава во ракописите на историчар од Бухара, каде се истакнува дека монголски владател им заповедал на своите воени сили да го заземат Сребрениот град. Тој им кажал да не поштедат никој и да ги убијат сите кои што ќе им застанат на патот.
Кинескиот император и монголски владетел, разделени од 10 века, се стремеле кон исто. Дали е можно една измислица, скоро исто да се повторува во древните историски списи? Логично е да се претпостави дека во нив е скриена некоја доза на вистина.
Клучниот назив на градот е поврзан со сребро. Многу е веројатно таму навистина да имало големи залихи на сребро или пак рудници за сребро. Но не се знае која цивилизација живеела таму, ниту пак каде точно се наоѓал градот.
Познатиот средновековен источен филозоф, лекар и историчар од Х век Авицена, во еден од своите 450 ракописи директно го опишува Сребрениот град. Авицена пишувал дека античките мудреци го скриле сето злато и богатство на светот на различни тешко достапни места. Едно од овие места било во земјата Мавира Махма, во близина на градот Исфара (кој постои и денес во северен Таџикистан), таму имало рајска палата изградена од злато и сребро.
Во почетокот на дваесеттиот век во архивите на Душанбе бил откриен протокол од 189 година, во кој пишувало дека археолозите Малицки и Андреев биле испратени на експедиција во Баткенската област која граничи со Исфара. На крајот на Ферганската долина двајцата откриле неколку десетици тони геолошки отпад во вид на големи вештачки ридови. Отпадот се состоел од мелен камен, парчиња камен, шкрилци и руда. Но никаде во близина немало траги од каменолом, со исклучок на една пештера, која била длабока околу 50 метри. Археолозите објасниле дека од таму можело да се добие сребро и олово.
Првите споменувања за овој рудник се од II-ри век, а последните – од XVI-ти. Тоа значи дека рудникот функционирал речиси 1.500 години, а среброто од него се проширило низ цела Средна Азија, од Туркменистан и Узбекистан до Кина и монголските степи. Познатиот арапски географ Истахри пишувал дека древниот рудник се викал Кан-и-Гут – Рудник на смртта.
Легендата вели дека рудникот е откриен од Кан Худијар, кој таму ги праќал затворениците и бунтовниците осудени на смрт. Кога луѓето влегувале во рудникот тие исчезнувале без трага. Всушност, современите истражувања на подземните лавиринти во огромната подземна пештера откриле не само остатоци од керамички светилници, котли и секири, туку и окови и скелети на древните рудари.
Првата научна експедиција била организирана во 1920г. Бил подготвен детален план на подземниот систем на напуштениот рудник со сите негови многубројни премини, скали и оргомни сали. Научниците докажале дека Кан-и-Гут е единствен во цела Средна Азија по обем и времетраење на екстракција на природни ресурси.
Така за жал се покажало дека легендата е само легенда. Не постоел рајски град со тули од злато и калдрма од сребро. Наместо него имало рудник за сребро во кој загинале илјадници луѓе. Во средниот век во рудниците обично биле испраќани робови заробеници и затвореници со тешки казни. Токму за овој рудник и неговиот вреден метал се бореле владетелите, а не за волшебен Сребрен град. Но, луѓето секогаш имаат потреба од убави приказни кои ги тераат да сонуваат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.