Виршлите отсекогаш важеле за мистериозно месо и секогаш ќе се најде некој кој ќе го постави незгодното прашање од што се направени. Но, можно ли е да се работи за нешто погрозно отколку што можете да си замислите?

Можеби. Нов извештај на истражувачи од „Clear Foods“, откриле дека вашиот вегетаријански хот дог можеби и не е толку вегетаријански. Тие прегледале над 345 виршли и колбаси од 75 брендови и 10 малопродажници. Во 2 отсто од примероците била најдена човечка ДНК, а 10 отсто од вегетаријанските виршли содржеле месо. Според AOL, во извештајот се вели и следното

– 10 отсто од вегетаријанските производи содржат месо
– Етикетите на некои вегетаријански производи до 2.5 пати го преувеличуваат количеството протеини во производот
– Кај 67 отсто од вегетаријанските производи има хигиенски пропусти
– Забележана е замена на свинското кај 3 отсто од производите. Во повеќето случаи свинското било заменето со пилешко или мисиркино месо.

Не се баш некои добри статистички податоци, зар не?

virlsa

 

Сподели на Facebook
пати видено