Винопроизводители од Калифорнија нудат вино ароматизирано со марихуана, и тоа по цена од 400 долари за половина литар. Овој пијалок на уживателите ќе им овозможи да го почувствуваат ефектот на виното и марихуаната во една чаша. Новото вино се продава под името Кана Вајн и е достапно единствено во Калифорнија, бидејќи другите американски држави кои ја легализирале марихуаната – Колорадо, Вашингтон и Орегон – сѐ уште не дозволуваат таа да се употребува за ароматизирање алкохолни пијалоци.

mr01

Специјалната напивка не само што не е евтина, туку и за да ја купите, би морале да си обезбедите рецепт за медицинска марихуана. Но, се чини дека нема да биде проблем да се привлечат славни рекламни лица. Пејачката Мелиса Етериџ и ТВ водителката Челзи Хендлер веќе обзнаниле дека редовно го употребуваат овој производ. Етериџ изјавила дека таа редовно употребува марихуана уште откога се подложила на хемотерапија за време на нејзината борба со рак на дојката, пред дванаесет години.

mr02

„Штом на марихуаната почнав да гледам како на лек, многу повеќе се заинтересирав за тоа да ја внесам во мојот начун на живот за да го намал стресот и да го одржувам нивото на мојот систем за варење, кој се поремети по хемотерапијата“, вели таа.

mr04

Хендлер изјавила дека таа не само што своите гости ги служи со вино зачинето со марихуана, туку исто така ги служи и со супа од печурки зачинета со масло од марихуана.

mr05

Сподели на Facebook
пати видено