Њујорк, Париз и Лондон можеби доминираат кога станува збор за модата, ноќниот живот и забавата. Но, еден понеупадлив град е крунисан за најдоброто место за живеење во светот. Австрискиот главен град Виена победи 229 други градови за да го освои првото место на 18-та по ред Мерсерова ранг листа за квалитет на животот
По него на второ место следат Цирих, Швајцарија и Оукленд, главниот град на Нов Зеланд на трето место.
Здравственото осигурување, квалитетот на образованието, станбената политика, околината, сето тоа е земено предвид од страна на тимот на консалтинг компанијата Мерсер. Резултатите на студијата, којашто е најсеопфатна од ваквиот вид истражувања, ги користат интернационалните корпорации да проценат колку е безбедно да ги пратат своите вработени во даден град. Седум од десетте места со најдобри услови за живот во светот се наоѓаат во Европа, а речиси половината од нив се во Германија. Минхен, Дизелдорф и Франкфурт се рангирани на четвртото, шестото и седмото место. Данскиот главен град Копенхаген, кој неодамна беше прогласен за едно од местата за најсреќен живот во светот, беше рангиран на деветото место.
Минхен, 4. место
Ванкувер, Канада, 5. место
6. место, Дизелдорф, Германија
Франкфурт, Германија
Женева, Швајцарија.
И покрај високите животни трошоци, Женева исто така се најде на листата и се наоѓа на осмото место. Жителите на швајцарскиот град, еден од најбогатите во светот, уживаат во високиот стандард на образование и ниската стапка на криминал. Сиднеј, Австралија, се наоѓа на десеттото место на најпосакувани места за живеење, поради прекрасната околина, прекрасното време и богатата културна сцена. Ванкувер, Канада, еден од најразнообразните градови во светот, се најде на петтото место. Лондон се најде дури на 39. место, а единствениот друг англиски град е Бирмингем, на 53. место. Париз се соочува со големи проблеми со безбедноста, поради што францускиот главен град падна десет места подолу на 37. место.
Криминалот и личната безбедност се причина за тоа што и многу американски градови не успеаја да се најдат на престижната листа, при што ниеден од нив не се најде во врвните дваесет. Од нив најдобро се котира Сан Франциско, којшто се наоѓа на 28. место, по него следи Бостон на 34. и хавајскиот град Хонолулу на 35. место. Чикаго и Њујорк се на 43. и 44. место. Нашиот главен град се наоѓа на 159. место, веднаш по Сараево.