Еден авто ентузијаст заедно со неговата талентирана и исклучително посветена жена уметник пронашле уникатен начин како елегантната сребрена боја на спортскиот автомобил да ја претворат во вистинско уметничко дело.
Сопственикот ја мразел сребрената боја. Една вечер ѝ дозволил на неговата жена да начкрта неколку гребаници на браникот, и кога утредента го видел резултатот, решиле така да ја направат целата кола.
После околу 100 часа работа и неколку слоеви на безбоен лак за да се заштити дизајнот, резултатот е навистина импресивен.