Ова е краток документарен филм кој ги доведува во прашање слободата, образовниот систем, корпорациите, парите, американскиот капиталистички систем, американската влада, светскиот колапс, околината, климатските промени, генетски модифицираната храна и нашиот однос кон животните. Ја изложува расипаноста на светот во кој живееме, но исто така ни посочува и начин на кој можеме да го промениме.
Транскрипција на видеото:
Во овој момент би можеле да сте било каде, да правите било што. А наместо тоа седите сами пред екранот. Што е тоа што нѐ спречува да го правиме тоа што сакаме да го правиме, да бидеме таму кадешто сакаме да бидеме?
Секој ден се будиме во истата соба, ја следиме истата патека за да го проживееме истиот ден како и вчера. А порано секој ден беше нова авантура. Но нешто се промени. Порано, нашите денови беа безвременски, сега нашите денови се испланирани. Дали ова значи да си возрасен, да си слободен, но дали ние навистина сме слободни. Храната, водата и земјата, основните елементи кои ни се неопходни за да преживееме, се поседувани од корпорациите.
Ако се обидете да го земете тоа со што ве снабдува земјата, ќе бидете затворени, па затоа ние се покоруваме на нивните правила. За светот научивме од учебник, одгледани не да направиме некаква разлика во овој свет, туку одгледани воопшто да не се разликуваме. Да бидеме достаточно умни да си ја вршиме работата, но да не прашуваме многу зошто го правиме тоа. Па така работиме и работиме не останувајќи ни ни најмалку време да го живееме животот за кој сме работеле.
Ако живеете во Америка, има веројатност од 41 отсто дека ќе добиете рак. Срцевите заболувања ќе убијат еден од секои тројца Американци.
Ни се вели дека сѐ може да се реши преку фрлање пари на научници за тие да откријат некое апче кое може да направи нашите проблеми да ги снема. Но фармацевтските компании и здруженијата за канцер на нашата мака остваруваат профит. Мислиме дека трагаме по вистинскиот лек, но всушност бегаме од причината за болеста. Нашето тело е производ на тоа што го внесуваме, а храната која ја јадеме е дизајнирана чисто за профит. Се полниме себеси со отровни хемикалии, со тела на животни загадени со хемикалии и болести. Но не го гледаме ова. Малата група корпорации кои ги поседуваат медиумите не сакаат да го видиме ова. Не опкружуваат со фантазија за која ни велат дека е реалност. Но не е доцна, можеме да го промениме тоа.