Апсењето се случи во Украина, а го извршија специјалците од Службата за безбедност на Украина. Терористите се криеле во Украина од каде што планирале да тргнат кон Франција и да изведат неколку терористички акции на Европското првенство во фудбал 2016. Дури имале и врски за да можат безбедно да го прошверцуваат оружјето преку граница.

Уапсениот Французин рекол дека мотивите му биле да изрази протест против политиките на власта која дозволи исламизација на Франција.

Со тесна соработка на украинските и француските разузнавачи, терористот бил пронајден и следен и акцијата успешно изведена. Тој, заедно со соучесниците планирале истовремено да кренат во воздух повеќе мостови, патишта и други важни инфраструктурни објекти.

Сподели на Facebook
пати видено