На оваа видео снимка се чини дека грчката крајбрежна намерно се обидува да потоне гумен чамец со сириски емигранти, за да остави на турските власти да се справуваат со нив. На снимката направена на 12. ноември се гледа како член на екипажот на брод со ознаки на грчката крајбрежна стража се обидува да забие копје во чамецот со емигранти. 58-те патници викаат и врескаат додека чамецот почнува да тоне, за потоа грчкиот брод да отплови. Потоа емигрантите, коишто носат појаси за спасување, се извлечени од водата во турски брод, по што биле вратени во турскиот пристанишен град Дидим, кадешто илјадници емигранти ги започнуваат своите обиди да влезат во Европа, поради близината до грчките острови во Егејско Море. Снимката во петокот била објавена од страна на турските власти.

gc01

Претставник на турските воени сили изјавил дека турскиот адмирал Хакан Устем му ја покажал снимката на својот грчки колега Атанасиос Атанасопулос и му кажал: „Би ни било многу мило ако на вашиот тим му наредите да се воздржи од вакви дејствија“. Наводно, грчкиот офицер бил шокиран од виденото и рекол дека ќе преземе мерки тоа да не се случи повторно.

gc02

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено