Запознајте се со Ајлин Адалид, 24-годишна претприемачка од Филипини која заработува 80 000 долари годишно патувајќи низ светот. Ајлин влегла во корпоративниот свет на возраст од 19 години, но по две години увидела дека работата на биро не е за неа. Таа ја подала својата оставка во Дојче Банк и тргнала да ја следи својата страст за патување.
Таа сега собира до 6700 долари месечно од нејзиниот патнички блог и нејзиниот бизнис со продавање додатоци. Во текот на две години таа ги посетила Јапонија, Индонезија, источна Европа, Франција, Норвешка и Фарските острови, и нема никакви планови за забавување на темпото.