Доколку некогаш сте патувале со авион, сте ги доживеале турбуленциите при полетување и слетување, како и ненадејното потскокнување кога тркалата ќе ја допрат пистата, а сопирачките прават сѐ да го забават и запрат залетеното џиновско летало. Слетувањата знаат да бидат груби, но верувајте ни, сигурно не сте го доживеале најлошото слетување.
Бирмингемскиот аеродром авионските патници редовно ги пречекува со опасни странични ветрови, шго често слетувањето го прави многу страшно. Пилотите често се присилени да го „турнат“ авионот надолу на пистата буквално лебдејќи над неа. Ова создава вознемирувачки ефект кој ги тестира нервите на искусните пилоти од целиот свет. Погледнете ги непредвидливите слетувања на видеото подолу, и надевајте се никогаш да не морате да искусите ваков лет.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!