Најдобриот дел кај магионичарските трикови е кога се чудите како се прават! Еве ги одговорите за седум такви трикови. Објаснети е магијата зад трикови кои се изведуваат уште од раниот деветнаесеттиот век. Можеби ќе се разочарате кога ќе видите колку сте биле лековерни кога ќе видите како се изведуваат овие илузии. Но, колку што е забавно да ја гледате изведбата на овие трикови, исто толку забавно е и да ги дознаете одговорите за нив, особено кога ќе дознаете како Мајкл Џексон ѝ пркосел на гравитацијата во неговите танчерски движења.

1. Левитација

tr01

Жената легнува на плоча која ја држи метална шипка. Магионичарот застанува така што ја затскрива шипката.

2. Пресекување на тело на половина

tr02

Личноста во кутијата го собира телото за да се создаде илузија дека телото се пресекува на половина. На другиот крај се ставаат вештачки нозе.

3. Цик-цак девојка

tr03

Овој трик е всушност многу едноставен. Кога асистентката влегва во кутијата, таа го придвижува телото во страна, така што кога сечилата ќе се турнат, тие минуваат крај нејзиното тело. Кога ќе се извлече средниот дел од кутијата, со него оди само нејзината рака, но црната постава на кутијата прави илузија дека е поместен целиот среден дел од нејзиното тело.

4. Во воздухот

tr04

Овој трик е многу сличен на претходниот левитационен трик, но овојпат магионичарот не стои пред носачот. Потоа минува со обрач преку помошничката одејќи до таму колку што му дозволува носачот, на тој начин создавајќи илузија дека телото лебди во воздухот.

5. Лебдење

tr05

Уличниот изведувач седнува на метално столче закачено на шипка, а таа шипка е закачена на платформа која е затскрина со килим.

6. Пресечена на половина

 

tr06

Еве една поинаква верзија на класичниот трик. Овојпат кога асистентката ќе влезе во кутијата, во неа веќе има уште една асистентка. Кога ќе се раздвои кутијата, всушност ги гледаме половините на телата на две жени.

7. Танцувачкиот трик на Мајкл Џексон

Доколку паѓате секогаш кога ќе се обидете да го изведете танцувачкиот трик на Мајкл Џексон со кој тој ја победува гравитацијата, не возбудувајте се. Тој го изведувал тоа со помош на специјално изработени обувки кои се закачуваат на клин поставен на специјално место на подиумот.

Сподели на Facebook
пати видено