Рачно изработен во Минесота, САД, овој `ртечки молив е 100% нетоксичен, без никакво олово во него. Уште поинтересно е што кога ќе го истрошите, можете да го посадите и одгледате како растение.
Во внатрешноста на моливот е вметнато семе, и сѐ што треба да направите е да го забодете едниот крај во почва, да го наводнувате и да чекате! Можете да изберете различни вирастителни видови, вклучувајќи цвеќиња, зеленчук, овошје и билки: чери домати, зелен пипер, ротвкица, невен, сончоглед, розмарин, мајчина душица и др.
Дизајнерите на овој молив се номинирани за германската ГринТек награда и за Денот на Земјата 2015, веќе третпат по ред. Овие моливи би биле оригинален подарок и се лесни за растење, дури и во мали саксии.