„Бујната“ коса на Трамп е тема на многу дебати кои ја разгоруваат љубопитноста кај луѓето. На видеото се гледа како се распаѓа „совршената слика“ за фризурата на претседателот на САД. На снимката се гледа како Трамп се качува во авион, а неговите раскошни прамени летаат на сите страни и откриваат прилично „празен простор“ зад нив.

Видеото предизвика пресмешни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, така што многу шеги беа упатени кон стајлингот на Доналд Трамп. Еден од смешните коментари на Твитер бил: „Ете ви реков дека е вонземјанин.“

За време на интервјуто спроведено од Пирс Морган, Трамп дури и се пошегувал на своја сметка за косата, велејќи: „На луѓето им е тешко да поверуваат дека тоа е мојата коса, но навистина е. Таа едвај се држи, но сепак се држи.“, изјавил тој. Тој дури му дозволил на Џими Фалон во “The Tonight Show” да го „погали“ по косата.

Иако не е разоткриена некоја државна тајна, косата на Трамп предизвика голема врева (во вид на смеа), низ САД и светот. Се надеваме дека наредниот пат подобро ќе си ја залепи.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено