Ветерната турбина „Ширвинд“ ветува производство на шест пати повеќе електрична енергија од традиционалните ветерни турбини. Чудната ветерница дејствува како инка, насочувајќи го ветерот од сите правци преку цевка во генераторот поставен во основата. На тој начин се засилува брзината на ветрот, додека во исто време се намалува притисокот, што се нарекува „Вентури ефект“. Ова ја забрзува ветерната турбина поставена во најтесниот дел од ветерницата и на тој начин се генерира електрицитет.
Како таква, ветерницата може да создава електрична енергија со многу помала брзина на ветрот во споредба со сегашните ветерници. Идејата е многу едноставна и елегантна, и се очекува производство на многу повеќе енергија по пониска цена, како и со поголема ефикасност, што може да реши многу проблеми во врска со снабдувањето на електрична енергија.
Оваа технологија не е нова во науката на флуидната динамика, но, ова е нов начин на создавање електрицитет, и ако се покаже успешна, тоа ќе биде нов, еколошки систем за добивање енергија, најчист досега, а дури би можела да се примени во минијатурни, домашни верзии.