Островот е всушност дрвена платформа, но наполнета со земја за да може живото дрво да си опстојува на него. Оваа генијална идеја е на австралискиот архитект Маршал Блечер, а првиот ваков остров е со површина од 20 метри квадратни и служи како место за одмор на кајакарите. Архитектот има идеја да создаде многу различни острови, секој со посебна намена.