На задниот дел од нивните контроверзни нови банкноти се прикажани палети од бои кои изгледаат како дигитално замаглени верзии на сликите прикажани на предната страна од банкнотите. Ова е новиот дизајн за норвешката валута која ќе се пушти во оптег во 2017. И двете идејни решенија биле избрани од Норвешката банка за време на натпреварот одржан пролетта 2014. Предната страна содржи низа ументички дела на студиото за графички дизајн The Metric System и Терје Тенесен наречени „Норвешки простор за живеење“, а пикселираните фигури на позадината се наречени „Верижни ефекти“, дело на Енцо Фингер. Предниот дел содржи различни океански сцени кои се од значење за норвешкиот национален идентитет.
Задна страна
Предна страна