Граѓаните на Швајцарија вчера на референдум го отфрлија предлогот за воведување на загарантиран основен приход од 2500 франци месечно (околу 2200 евра). Поборниците на оваа идеја се залагаа за воведување на загарантиран месечен приход од 2500 франци за возрасни и 625 франци за деца до 18 години, без обзир на тоа колку работат, наведувајќи дека сакаат да го унапредат човечкото достоинство и јавната служба.

sv01

Противниците на оваа идеја, меѓу кои спаѓа и владата, истакнаа дека тоа ќе чини многу и дека би ја ослабнало економијата, пренесува Ројтерс. Според статистиките, месечниот минимум потребен за подмирување на основните трошоци во Швајцарија изнесува точно 2200 евра.

Сподели на Facebook
пати видено