Токму кога си мислела дека нештата не можат да бидат полоши, 12-годишната Роуз Мекгарт добила поразувачко писмо од нејзиното училиште.

Ова е 12-годишната Роуз МекГрат од Бетл Крик, Мичиген, САД.

d1

Изминатите три години, Роуз се борела со акутна лимфобластична леукемија. Третманот вклучувал интензивна хемотерапија. За среќа на неа и нејзиното семејство, лошата болест конечно почнала да се повлекува.

d2

Роуз решила да се врати на нормалниот живот по болеста, но сето тоа се променило кога добила писмо во кое вели дека е исфрлена од училиштето. Како причина за тоа се наведувало нејзиното долго отсуство, воопшто не земајќи ги предвид околностите, и покрај тоа што таа веќе се зафатила да зема дополнителна настава, да полага тестови и сл. за да го надомести пропуштеното и да фати чекор.

d3

Отец Флекенстајн од Католичките училишта во областа Бетл Крик за оваа ситуација го искоментирал следното:

„Ова беа несекојдневни околноси, но толку многу прилагодувања беа направени за да се стигне до таму што навистина моравме да ѝ помагаме на Роуз за да се осигураме дека ќе ја добие соодветната помош која ѝ е потребна за да научи.“

d4

За оние кои не го разбрале дипломатскиот змиски јазик на овој поп, тој вели дека училиштето вложило премногу напор и направило премногу отстапки за девојче кое умирало од рак и чиешто тело редовно било подложувано на исцрпувачка хемотерапија. Па така, „за нејзино добро“, тие решиле да ја избркаат од нејзиното училиште?!

Навистина, човечката глупост и суровост понекогаш навистина немаат крај и доаѓаат од луѓе и институции од кои најмалку би очекувале – од образовна, педагошка институција, и од организација која тврди дека се следбеници на Исус Христос!

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено