Куче во југозападна Кина допре до срцата на луѓето откако откриле дека секој ден на железничката станица верно го чека неговиот сопственик да се врати дома.
„Хионгхионг“ што значи мечка на кинески е снимен како го чека сопственикот да се врати од работа во близина на станицата Лизиба во областа Јужонг во Чонгкинг.
Локалните жители, кои се запознаени со „Мечката“ и неговиот сопственик велат дека 15-годишното куче „многу добро се однесува“ и покрај тоа што нема поводник.
„Хионгхионг ќе се појави на железничката станица околу 7 часот или 8 часот секој ден, кога неговиот сопственик ќе замине на работа. Потоа тој ќе остане на станицата, особено на Излез Б, околу 12 часа, некогаш дури и до 20:00. Тој само чека. Во моментот кога ќе го види својот сопственик тој станува толку среќен и возбуден.“, раскажува еден локален жител.
Кучето никогаш не јаде храна која му е дадена од непознати и мирно чека, се додека не го види сопственикот. Неговиот сопственик, господин Чен, вели дека го чува кучето осум години. „Откако го земав секој ден ме чека вака. Тој е среќен кога ќе ме види, што ме прави и мене среќен.“, вели Чен.
Кучето е наречено „модерен Хачико“, познатото куче Акита кое го чекало својот сопственик на станицата Шибија во Токио секој ден во 1920-тите.