Илјадници луѓе се упатија кон Аргентина за да можат да бидат сведоци на оваа „чудо од модерниот свет“. Фигурата му припаѓа на семејство од провинцијата Салта и таа привлече големо внимание од пошироката јавност откако семејството објави на радио дека нивната статуа „плаче солзи крв.“
Но дали станува збор за вистинско чудо? Свештеникот Јулио Раил Мендез, кој смета дека статуата треба да биде дополнително истражена од страна на црквата, предупредува дека луѓето не треба да донесуваат прерано заклучоци. Изјавата на свештеникот звучи сосема логично поради тоа што во изминатите години имаше неколку случаи на статуи кои плачат.
„Првата работа која што ја прави црквата е преку научна анализа да пронајде природно објаснување за појавата. Само доколку не може да се докаже се зема во предвид надприродната сила,“ вели Јулио.
Подолу можете да ја видите новинарската сторија за статуата. Иако дијалогот е на Шпански, на видеото има кадри од самата статуа, како и посетителите кои сакаат да ја видат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.