24-годишниот Билал Квинтајн од Џорџија, САД бил прогласен за херој откако ѝ помогнал на жена чија инвалидска количка се расипала. Билал џогирал која ја видел жената во неволја и решил да ѝ помогне. Тој ја туркал жената низ ридот на жешкото време и не сакал да се откаже од намерата да ја врати дома.
На Фејсбук тој напишал: „Божји план, Божја работа. Количката ѝ откажала и не знаеше како ќе се врати дома. Господ ме благословил со способно тело. Затоа НИЕ ја вративме дома. Без разлика дали станува збор за 2 километри јас нема да одам дома додека таа не стигне дома. Точка.“
Таткото вели дека се надева со оваа негова постапка ќе биде пример за неговиот 4-годишен син и 6-годишна ќерка. Жената тргнала да си купи храна пред да ѝ откаже инвалидската количка. Билал дури и се понудил да ѝ ја купи потребната храна, но жената одбила бидејќи сметала дека тој веќе направил многу за неа. Таа му кажала дека многу луѓе и автомобили поминале, но никој не ѝ помгнал.
„Ја извршив мојата работа како маж. Има толку многу омраза на светот и нема да ве чини ништо ако сакате некој. Мојата единствена цел да го споделам ова е да ги вратам вредностите што ги изгубивме како луѓе.“, додава Билал.