Кој од нас не сонува да го продаде својот стан и да замине да живее некаде на море? Во светот постои едно фантастично место каде што еден просечен стан чини само 6.000 евра и истите можете да ги погледнете подолу во статијата. Ова неверојатно место е градот Вентспилс.
Вентспилс е пристанишен град во Латвија, но тоа не го спречува да има прекрасни плажи со чист песок и чиста вода. Се наоѓа на север од останатите балтичките одморалишта, така што сезоната за пливање тука трае можеби неколку дена во годината. Просечната температура на јулски ден е + 21ºС. Дури и во средината на летото плажата е речиси празна, што секако придонесува за нејзиниот шарм.
И во близина на Вентспилс (25 минути возење) има неверојатно место – напуштен воен град со огромна радарска антена. Велат дека ова е таен радар што го оставиле советските трупи на западната граница на СССР. Со негова помош, тие го набљудувале движењето на планетите и ги слушале звуците на космосот, само сега тој му припаѓа на универзитетот, а не на советската армија. Под радарот има катакомби во кои можете да влезете доколку платите билет од 4 евра.
Каде се луѓето?
До 2001 година пристаништето кое никогаш не замрзнува имало клучно место во извозот на руска нафта. Меѓутоа, имало раздор во односите помеѓу државите, а Русија почнала да користи друго пристаниште. Нема потреба да објаснуваме како тоа влијаело на економијата на градот.
Во 2003 година, Латвија се спои со Европската унија, а нејзиното население почна да се намалува прилично брзо. Вентспилс не е исклучок. Луѓето се преселија во богатите земји со високи плати и добри можности за вработување. Доколку во 2005 година градот бил населен со 44 илјади луѓе, до 2015 година останале 36 илјади, односно за 10 години бројот на жители е намален за 18%. Ова не е демографска катастрофа, но има доволно напуштени станови и куќи во Вентспилс.
Како изгледаат становите и колку чинат?
За 6.500 евра, на пример, тие нудат стан на првиот кат од 5-катната зграда, која се наоѓа на еден километар од морето. Станот е вселив, има мебел и апарати. Еве како изгледаат тие станови:
А доколку сакате стан кој е веќе реновиран, тогаш цената изнесува 15.500 евра, како на пример за овој стан подолу.