Роберт Хазелден оваа недела добил пресуда во која се наложува да ѝ исплати на 28-годишната Џема Брушет 112.000 евра. Инструкторката по јога го тужела Роберт затоа што ја згазил со велосипед, иако тој ги почитувал сите правила и прописи, а таа направила неколку грешки. Сепак добрите луѓе со својата постапка покажаа дека правниот систем греши.
Иако Роберт поминал на зелено, сигнализирал со свирката на велосипедот, вика и кочел, сепак успеал да ја удри со брзина од 24 километри на час, за време на метежот во Лондон. Сето ова се случило затоа што Џема „зјапала“ во телефонот и ниту го приметила семафорот или пак Роберт.
Сепак за изнанадување на сите Роберт бил обвинет. Тој сега мора да ѝ плати надомест на Џема затоа што според судијата „велосипедистите мора да бидат подготвени во секое време за луѓето да се однесуваат на неочекувани начини“. Во овој износ се вклучени и судските трошоци.
Сепак на луѓето не им се допаднала оваа пресуда и сакаат да му помогнат на Роберт. Бритни Махер Кирк отворила страна за донации за Роберт и досега собрале скоро 50.000 евра. За велосипедистот донирале околу 3.000 луѓе и се надеваат дека бројката ќе се зголеми.
Роберт вели дека по несреќата паднал во депресија и изгубил надеж во правниот систем, а додека Џема се преселила во Франција за да си започне „нов живот“.